Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Жителите на Бели, во Кочанско, апелираат за помош за спас на петвековниот даб во нивното село, кој претрпе штети во синоќешното невреме

Жителите на кочанското село Бели денеска се огласија со јавен апел за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на кочанското село Бели денеска се огласија со јавен апел за помош, како што нагласуваат, за спас на петвековниот стар даб, кој се наоѓа во кругот на манастирот “Свети Илија”, неколку стотици метри од селото, којшто претрпел тешки оштетувања од синоќешното невреме.

– За жал, во вчерашното невреме се соочивме со голема, а најболно од сè – со потенцијално непоправлива штета. Нашиот даб, чуварот на селото Бели, дрвото кое повеќе од 500 години стои на истото место и е дел од историјата, спомените и животот на нашето село, е тешко оштетен. Дрво кое преживеало векови, генерации, зими, суши и невремиња, денес се наоѓа во сериозна опасност, предупредуваат во апелот селаните од Бели.

За нив, овој даб не е само обично дрво, туку нем сведок на нивната историја и традиција.

Реклама

-Пред неколку години, по удар од гром и пожарот што го зафати, многумина мислеа дека неговиот крај е блиску. Но, тој преживеа. Сам се бореше со времето и со сите временски неприлики и повторно продолжи да стои. Но, за жал, вчерашното невреме остави огромни последици. Затоа упатуваме итен апел до сите приватни лица, организации, стручни лица, правни субјекти, институции и државни органи кои на било каков начин можат да помогнат. Не бараме ништо невозможно. Бараме реакција, стручна проценка и помош за да се преземат потребните мерки навреме и да се спречи понатамошното пропаѓање на дрвото. Ако постои начин да се стабилизира, заштити, санира или на кој било начин да се продолжи неговиот живот – сега е моментот да се реагира, велат покрај останатото, жителите на кочанското село Бели, во објавениот јавен апел за спас на пет века стариот даб, што го сметаат за основен белег по кој селото е препознатливо и во пошироки рамки.

Врз дабот во манастирот “Свети Илија” кај селото Бели, пред повеќе од две децении беа извршени конзерваторски работи од стручни лица, но оттогаш па наваму нема никакви други активности за негова заштита.