Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Расфрлани делови од покривни конструкции и друг материјал по улиците, како и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расфрлани делови од покривни конструкции и друг материјал по улиците, како и паднати гранки и дрвја,  по невремето што синоќа зафати повеќе градови и населени места во североисточниот и источниот дел на Македонија. Пороен дожд, силен ветер и грмежи имаше во Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница Кочани и околните населени места .

Во Облешево дошло и до прекин на прекин во снабдувањето со електрична енергија, а регистрирани биле и проблеми во сообраќајот.

Во  кумановскиот регион има паднати дрвја на патиштата, но и откорнати покриви и лимови од станбени објекти и локали.

Реклама

Во Кочани на повеќе локации во градот  биле предизвикани проблеми во сообраќајот. Делови од градот останале  без електрична енергија.

По синоќешното невреме и  прекин на електрична енергија  во Пробиштипскиот  регион, Хидросистемот „Злетовица“ има потешкотии во работењето. Штипското комунално претпријатие „Исар“  апелира до граѓаните  рационално да се користи водата.

–Екипите на Злетовица и на ЈП Исар координирани работат за надминување на овој проблем со водоснабдувањето а од вас граѓаните бараме разбирање и трпение се до надминување на овој проблем настанат како резултат на елементарна непогода која што се случи во Пробиштипскиот регион-истакна директорот на ЈП Исар Александар Арсовски.

Во општина Пробиштип се санираат штетите од синоќешното невреме, а делови од Општината немаат електрична енергија. Инаку поради вчерашното невреме ообраќајот на магистралниот пат  Кочани–Штип бил  во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот. Блокирани биле и  неколку патни правци околу Кочани. Стопиран сообраќајот на излезот од градот кон Виница,  поради срушени стебло од дрво и гранки.   

Според првичните информации нема повредени лица, но е предизвикана голема материјална штета. Во засегнатите општини недлежните се на терен и ги санираат штетите. 

Од УХМР велат дека  најмногу количина дожд наврна во Крива Паланка, 30 литри на метар квадратен и Струмица со  18 л/м2 наврнале во Струмица,  13 Виница, 8 Берово, 6 Тополчани, 3 Битола, 1 Радовиш, Крушево.  И за денес се најавува  локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.