Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Прилози

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Скокнал од булдожерот во движење додека се обидувал да направи пресек за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скокнал од булдожерот во движење додека се обидувал да направи пресек за да го спречи огнот да навлезе во Националниот парк „Пелистер“. Работник заврши во болница со повредени ребра по синоќешната борба со огнената стихија.

Тој е пренесен веднаш во болница, а според надлежните, состојбата не е критична. Освен овој случај, засега нема други повредени пожарникари во битката со пламените јазици во овој крај.

„Досега немаме повреден ниту еден пожарникар. Не е точна веста која се појави во неколку портали дека има двајца повредени пожарникари. Ниту повреден пожарникар, ниту пак имаме пожарникар кој вдишал чад. Така што сите пожарникари се добро и продолжуваат во борбата против оваа огнена стихија“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб за управување со кризи.

Реклама

Со надчовечки напори пожарникарите од Битола, Ресен и огнените тимови на Дирекцијата за заштита и спасување го гаснат пожарот кај Пелистер. Пинцгауерите од земја и ер-тракторите од воздух успеаја да го локализираат пожарот, но опасноста од негово повторно распламтување и ширење останува. Над планината леташе и армискиот хеликоптер, кој со прецизно фрлање на 28 тони вода успеа да изгасне неколку критични точки. Лошиот терен, силниот ветер и лесно горливиот материјал, како што се лисјата и сувата трева, само им ја отежнуваат работата на пожарникарите.

„Дождот кој вчера заврна во источните делови во државата ја олесни нашата работа, но не значително. За жал, во останатите делови од државата имаме тешки за гасење пожари, повеќе од 30 пожари во текот на вчерашниот ден. И понатаму најтежок и најкомплексен пожар за гаснење е пожарот кој вчера попладне изби од преспанската страна на Пелистер, оган кој се движи во насока на Националниот парк „Пелистер“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб за управување со кризи.

Пожарот е на многу лош терен, се шири и во дабова и борова шума, има премногу горлив материјал, собирани години и години лисја, многу тешко е да се гасни“, изјави командирот на ТППЕ Битола, Христијан Тодоровски.

„Националниот парк се брани надвор од неговите граници затоа што кога пожарот ќе навлезе длабоко во повисоките регии, тогаш не можеме да дејствуваме затоа што станува збор за планина со алпски карактеристики“, изјави Иванчо Тошевски, директор на Националниот парк „Пелистер“.

Критично е и на планината Жеден. Тешко пристапниот, а на делови и целосно непристапен терен, ги прави условите невозможни за гаснење од земја. Таму гори сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација. За среќа, огнот не стигнал до блиските села и не претставува закана за локалното население кое живее на подножјето на планината.

Во изминатите 24 часа на територијата на Македонија повторно беснееја повеќе од триесетина пожари. До пладнево регистрирани се вкупно 10 на отворен простор, од кои 7 се активни, еден е под контрола, а два се изгаснати. Надлежните и понатаму апелираат на поголема свесност на граѓаните, затоа што и најмала искра може да предизвика катастрофа.