Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција

Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки и ќе биде утврдена точната причина за пожарот со кој претпладнево беше зафатен автобус наова  јавно претпријатие кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно – велат од ЈСП „Скопје“. Во пожарот нема повредени лица и не ја зафатил парк-шумата „Водно“. Спречена е негово ширење  благодарение на брзата реакција на возачот. 

– По повод информациите дека автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, ја информираме
јавноста дека нема повредени лица. Во мигови кога секоја секунда е драгоцена, возачот реагирал брзо, присебно и одговорно. Веднаш ги презел сите неопходни мерки и со својата навремена реакција спречил многу посериозни последици, поголема материјална штета и проширување на огнот кон околниот простор. Изразуваме искрена благодарност до возачот за покажаната храброст, смиреност и професионалност. Безбедноста на патниците е и секогаш ќе биде наш највисок приоритет. Нема поважна обврска од грижата за човечкиот живот и затоа секој ваков настан го третираме со највисоко ниво на сериозност и одговорност. Ја информираме јавноста и дека пожарот не ја зафатил парк-шумата „Водно“ и дека е спречена опасноста од негово ширење. Надлежните служби веќе ги спроведуваат сите неопходни проверки. Ќе биде утврдена точната причина за пожарот, а јавноста навремено и целосно ќе биде информирана – соопшти ЈСП „Скопје“.

 Во гаснењето на пожарот учествуваа две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита. – Благодание на брзата реакција  и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината, изјави Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на  Град Скопје.