Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје

Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од 1 септември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од 1 септември на таа релација ќе сообраќа воз осум пати дневно во двата правца.  Возот тргнува од Зелениково и ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната е Железничката станица Скопје.

Возовите од Зелениково ќе тргнуваат во 6:20 часот, 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот, а во обратен правец, од Железничката станица Скопје, во 5:32, 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот.

Според најавите, патувањето од Зелениково до Скопје и обратно ќе трае околу 25 минути, зависно од поаѓањето.Возниот ред е усогласен со распоредот на ЈСП Скопје.

Реклама

Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“. Втората делница од проектот е од Миладиновци, Илинден, Маџари, до главната централна железничка станица, а третата е од централната железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково.