Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар  над Дебар

По повеќечасовна борба со пламените јазици  дебарските пожарникари пред полноќ успеаја да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќечасовна борба со пламените јазици  дебарските пожарникари пред полноќ успеаја да го изгаснат пожарот кој избувна над градот, во атарот на селото Татар Елевци. 
 
-Со натчовечки напори успеавме да го изгаснеме големиот пожар што зафати површина под селото Татар Елевци, над самиот град. Убедени сме дека истиот беше подметнат, рече Џетан Мифтароски, командир на Територијална противпожарна единица. 
 
Станува збор за тешко пристапен терен, а биле зафатени нискостеблеста, дабова шума и сува трева. 

Поради високите температури и зголемениот ризик од пожари Мифтароски упатува апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно.  
 
-Го повторуваме  апелот за претпазливост, до граѓаните, земјоделците, сточарите, со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Сите треба да бидеме свесни дека со нашето совесно однесување придонесуваме во заштитата на животна средина, имотите и заедниците во целина. Потсетувам дека во сила е целосната забрана за движење во шумите, која е продолжена до 30 септември, рече Мифтароски.

Четиринаесетте пожарникари  на оваа единица, интервенираат на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Од хуман аспект, а во согласност на локалните власти на двете општини, тие интервенираат и во пограничните населени места од албанскиот округ Пешкопеја, при неопходна потреба.

Реклама