Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Силно невреме во Кочани, делови од градот без струја, блокирани неколку патни правци

Невреме проследено со силен ветер и  дожд вечерва нешто по 20 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невреме проследено со силен ветер и  дожд вечерва нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот предизвикани се проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.  

Делови од градот се без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат  Кочани–Штип е во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.

Блокирани се неколку патни правци околу Кочани. Стопиран е сообраќајот на излезот од градот кон Виница,  поради срушени стебло од дрво и гранки непосредно после СОУ ” Гошо Викентиев”. Сообраќајот се пренасочува низ градот таму каде што е можно.

Реклама

 Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани е непрооден поради  големи количини вода.од дождот. На оваа сообраќајница има и возила кои се загалвени во водата.

null

Во прекин е и сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Делчево, на потегот од крстосницата кај Горни Подлог до Градовска крстосница.

Екипи на ТППЕ и полицијата се на терен и ги преземаат неопходните активности. 

Искршени стебла и гранки се забележуваат на повеќе локации во Кочани, што дополнително отежнува било какво  движење.

Се препорачува граѓаните да останат во своите домови додека не дојде до смирување на состојбата.