Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Градоначалникот на Виница Костадиновски се сретна со Денчо Минев, градоначалникот од збратимената Општина Трајавна од Бугарија

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска му беше домаќин на градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска му беше домаќин на градоначалникот на Општина Трајавна од Бугарија,  Денчо Минев. Виница и Трајавна се збратимени општини, а средбата е остварена по повод манифестацијата, “82 години слободна Виница”.

Сопоред објавата на Костадиновски на неговиот фејсбук профил,  со Минев  разговарале за можностите за унапредување и продлабочување на соработката меѓу Виница и Трајавна. Биле разменети искуства и идеи, се разгледале можностите за реализација на идни заеднички проекти, особено во областа на културата, локалниот економски развој, екологијата и други области од заеднички интерес.

-Збратимувањето меѓу Виница и Трајавна е мост кој ги поврзува нашите граѓани и создава можности за нови пријателства, иницијативи и заеднички успеси. Верувам дека оваа посета ќе биде нов поттик за уште поинтензивна соработка и заедничко градење на подобри услови и можности за развој на двете  локални заедници, смета градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски.