Тежок пожар изби попладнево во атарот на с. Макази, Ресенско, кој се движи кон Пелистер, информира директорто на Дирекцијата за заштита и спасување. Зафатени биле овоштарници на две локации, а поради опасноста од негово проширување, покрај интервенцијата на пожарникарите тој кажа дека се вклучени и ер тракторите на Дирекцијата.
Претходно, ЦУК соопшти дека денеска до 18 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а девет се изгаснати.
Активни пожари има: во Општина Ресен – с. Бела Црква – с. Подмочани, борова шума и ниска вегетација; Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума; Општина Сарај – с. Копаница – с. Радуша, нискостеблеста шума и ниска вегетација; Општина Петровец – с. Горно Коњари – с. Дивљан, мешана шума и ниска вегетација;
Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума; Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва; Општина Прилеп – с. Алинци, депонија и во Општина Прилеп – кај Касарната во Прилеп, ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општините Гостивар и Македонски Брод – кај с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане, при што пожарот се прелева на територијата на Општина Македонски Брод. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Изгаснати пожари – 9: Општина Битола – кај тунелот на обиколницата, ѓубре и кабли; Општина Долнени – с. Црнилиште, ниска вегетација; Општина Прилеп – с. Витолиште, м.в. Рамна Нива, ниска вегетација; Општина Струмица – с. Куклиш, ѓубре и ниска вегетација; Општина Босилово – с. Бориево, депонија; Општина Струга – с. Корошишта, стрниште и ниска вегетација; Општина Градско – с. Виничани, кај турските гробишта, ниска вегетација и дрвја; Општина Куманово – Агино Село, ниска вегетација и стрниште; Општина Липково – с. Матејче, ниска вегетација.

