Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Прилози

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Продолжува битката со пожарите на планината Жеден. Силниот ветер ја насочи огнената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува битката со пожарите на планината Жеден. Силниот ветер ја насочи огнената линија кон селото Радуша, но, за среќа, пожарникарите го спречија ширењето и засега не постои опасност по куќите. И покрај најавите за дожд, надлежните предупредуваат на појава на нови огнени жаришта. Топлото време и сувата вегетација само им ја отежнуваат работата на огнените тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, кои и онака, поради тешко пристапниот терен, имаат потешкотии да ја изгаснат сувата трева и грмушките на дел од карпестиот предел. Од вчера со вода гаснат и пинцгауерите. Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Ангелов, е оптимист и очекува пожарот на планината до вечер да биде ставен целосно под контрола и изгаснат.

„Гори на тешко пристапен терен, карпест терен, трева, грмушки, трња. Не загрозува ниту едно село овој пожар. Очекувам во текот на денешниот ден скопските пожарникари од скопска и тетовските од тетовска страна да го стават под контрола и истиот да го изгаснат. Во текот на вчерашниот ден на овој пожар работеа неколку пинцгауери со огнените тимови, истите и денеска се ставени на располагање, како поддршка на скопските и тетовските пожарникари“, изјави раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Гореше на четири места и во струмичко, а најкритично беше во атарот на селото Куклиш, каде огнот дојде до првите куќи. Беа загрозени и земјоделски површини. За среќа, со брза интервенција на струмичките пожарникари и помошта која стигна од колегите од Радовиш и Валандово, огнот беше целосно изгаснат.

Реклама

„Благодарение на брзата и храбра интервенција на струмичките пожарникари, сите тие брзо беа изгаснати, иако четвртиот од нив, кој што се одвиваше во атарот на село Куклиш, го загрози ова село, дојде до првите куќи, но благодарение на храбрата и пожртвувана реакција на струмичките пожарникари, со помош на радовишките и валандовските пожарникари, беше спречена катастрофа која можеше да се случи во ова село. Постоеше опасност и по куќите, но и земјоделските површини околу селото“, изјави раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Во текот на изминатото деноноќие повторно на територијата на Македонија гореше на повеќе од 30 места. До попладнево беа регистрирани 10 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 1 е под контрола, а 2 се изгаснати. Надлежните велат дека бројката и понатаму останува алармантна и апелираат на поголема внимателност и свесност кај граѓаните, затоа што и најмала искра може да предизвика катастрофа.