Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Општина Штип и годинава воведува мерки против врсничкото насилство, во понеделник прием на првачињата

Педагошко-психолошките служби работат со учениците, даваат помош и поддршка на наставниот кадар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педагошко-психолошките служби работат со учениците, даваат помош и поддршка на наставниот кадар, воведени се дежурства на наставниците по ходниците за време на одморите, реализација на средби и советувања со родителите, соработка со СВР Штип за обука за наставниците и работилници за учениците, се дел од мерките кои што општина Штип ги презема со цел заедничко справување со врсничкото насилство. Во истата насока ќе се движи превенцијата и во новата учебна година,  изјави денеска раководителката на Сектор образование и јавни дејности во општина Штип, Снежана Санева.

-Сериозна тема и е проблем во училиштата, но секако се прават напори да се надмине тоа со различни мерки. Уште минатата година се воведоа дежурства на наставниците во ходниците за време на одморите. Така што ученците се постојано под контрола, исто така педагошко-психолошко служби ги интерзивираат своите работи постојано работат со учениците-вели Санева. 

Таа посочува дека на работилниците со учениците се зборува за опасностите од врсничкото насилство, превенцијата и последиците. Новата учебна 2026-2027 почнува на 1 септември, а во понеделник на 31 август во штипските основни училишта традиционално има свечен прием на учениците во прво одделение. Општина Штип и годинава ќе обезбеди бесплатни училишни униформи.