Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче, обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА

Каква хипокризија на Венко Филипче и СДСМ. Додека  обвинуваат за српски свет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каква хипокризија на Венко Филипче и СДСМ. Додека  обвинуваат за српски свет во Македонија, советник на Зоран Заев е фатен соработник на БИА, а од друга страна градоначалници на СДСМ прават концерти со пејачите на Вучиќ. Поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски и поранешен член на високите партиски тела на СДСМ, е вклучен во последната шпионска афера во соседна земја, каде што тамошни јавни личности испаднаа дека се дел од тајната српска служба, за што е поднесено и обвинение. Во истиот предмет за соработници на БИА, се појавува и името на Петрушевски, советникот на менторот на Венко Филипче, Зоран Заев – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна пак, градоначалниците на СДС, како тој во Крива Паланка кој деновиве  прави концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија. А, оттука и од случајот со Петрушевски се гледа кој е извршител и соработник на српските служби.

Токму хипокризијата да биде поголема, Љупчо Николовски Путерот и градоначалникот на Крива Паланка ќе се забавуваат на плоштад со концерт на Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ. А, Ацо Пејовиќ, исто така, ќе пее на плоштадот во Македонка Каменица.

Реклама

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија немаме ништо против, но вредно е да се нотира дека овие пејачи српската опозиција ги прогласи за режимски на Александар Вучиќ.