Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката, осигурувањето треба да биде по стар принцип

До 1 септември ( вторник) е рокот за пријавување штети од невремето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 1 септември ( вторник) е рокот за пријавување штети од невремето кое на 24 август во Прилепско- Долненскиот Регион направи штети на околу 1 500 хектари, најмногу со тутун, но и со пиперка и пченка. 

Формирана е комисијата која е веќе на терен, а досега преку 50 земјоделци ги пријавиле штетите. Штетите се од 50 до 100 проценти. Тутунот е најпогоден во Долненско, пиперката ајварка во реонот на прилепско Големо Коњари.  

-Станува збор за површина од околу 1 500 хектари на територијата на општините Долнени и Прилеп. Најголем дел од штетите се на површините со тутун, потоа со пиперка и со пченка. Првичните проценки од теренот укажуваат дека средината од втората, третата и четвртата берба од тутунот се во целост уништени, зависно од Регионот. До вторник, 1 септември е во тек повикот за пријавување штети. Досега, се поднесени преку 50 барања за утврдување штети. Комисијата веќе излезе на теренот и ќе врши  проценка околу една ндела. Ќе изготви елаборат кој ќе биде доставен до локалната самоуправа. Општинскиот совет треба да го усвои и да го достави до Владата која го утврдува обештетувањето. Овие штети се сериозни. Зафатени се бербите на тутунот кои се најквалитетни. Тоа за земјоделците значи преполовено производство и преполовен приход од родот, објаснува Николче Карапеески, претседател на Комисијата за утврдување штети во земјоделството и раководител на подрачната единица на министерстото за земјоделство во Прилеп.

Реклама

Според Сјузот на земјоделските здруженија на Македонија, штетите се движат од 50 до 100 проценти. Ова ќе го намали родот на тутунот. Од планираните околу 30 000 тони род, се оценува дека ќе има најмногу до 26 000 тони. 

– Во атарот на Големо Коњари пиперката ајварка е уништена сто проценти. Тутунот најголеми оштетувања има во атарите на долненските села Дебреште, Ропотово, Новоселани, Заполжани, Мажучиште, а во Прилепско во атарот на Големо Коњари. Таму првичните проценки укажуваат на стопроцентно уништување на родот на тутунот. Ова што се случи во овој дел на Пелагонија, ќе ги намали вкупните приноси на тутнот. Од очекуваните околу 30 000 тони, сега се околу 25 до 26 000 тони род на туутнот. Тоа значи дека тутунарите ќе произведат помалку од предвидените количества, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот.

Земјоделците се жалаат за неисплатливост на осигурување на родот, зашто условите што ги нудат осигурителните компании се неповолни за нив, иако државата субвенционира 60 проценти во осигурителната полиса. Во Прилепско има само околу 100 барања за осигурување на родот што е малку. 

Сојузот на земјоделските здруженија ќе побара да се врати поранешниот начин на осигурување. Со склучувањето на договорите за производство да се добие и полисата, а државата да ги задолжи компаниите да осигураат барем 5 проценти од посевите за да добијат лиценца.

-Осигурителните компании, на некој начин ги изигруваат земјоделците. Како Сојуз правиме напори да го вратиме стариот начин на осигурување. Односно, при самото склучување на договорот за производството на тутун, да се склучи и полиса за осигурување.Тоа државата може многу лесно да го реши со осигурителните компании, на тој начин што ако компанијата сака да добие лиценца за осигурување, треба 5 проценти од површините со посеви да ги осигура. Во спртивно да не ја добијат лиценцата. Тоа е најчесниот начин да ги натераме осигурителните компании да го осигуруваат земјоделскиот род, објаснува Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија.