Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено во рамките на неговата прва посета на Израел во својство на министер, го истакна потенцијалот Македонија да се позиционира како важна влезна точка кон Европа за израелските туристи, компании и инвеститори. Во тој контекст, посебен акцент беше ставен на иницијативата за воспоставување директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Тел Авив–Охрид, со цел дополнително да се поттикнат туристичката размена, деловните контакти и економското поврзување меѓу двете земји – соопшти денеска прес-службата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

– Една од првите теми за кои разговаравме беше можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Тел Авив и Скопје или Тел Авив и Охрид, кој е нашиот главен туристички центар и град за кој верувам дека секој Израелец би сакал да го посети -истакнал Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија нагласил дека амбицијата оди подалеку од туризмот. Стратешката местоположба на државата на пресекот на двата значајни европски транспортни коридори – коридорите 8 и 10 – како и инвестициите во енергетската поврзаност, создаваат можности таа да биде влезна точка за израелските компании кои сакаат да го прошират своето присуство на европските пазари.

Реклама

– Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница, но и пазар за извоз – порачува  Муцунски, посочувајќи дека токму во овие области постои значителен заемен интерес.

Во интервјуто е истакнат и поширокиот потенцијал за унапредување на соработката во земјоделството, управувањето со води, безбедноста, иновациите, туризмот, здравството и образованието, како и во инвестициите и одбранбената индустрија.

Муцунски нагласил дека одличните билатерални односи со Израел треба да се подигнат на следно ниво и да се преточат во поконкретна соработка во повеќе области од заемен интерес. Притоа, посочил дека засилената динамика на политички контакти е резултат на јасна определба на Владата за натамошно продлабочување на партнерството.

– Од формирањето на Владата, билатералните односи со Израел ги поставивме како еден од приоритетите на нашата надворешна политика –  истакна министерот Муцунски.

Во интервјуто беше посочена и зголемената динамика на контакти меѓу двете земји во изминатиот период, вклучително и парламентарната делегација предводена од пратеничката Рашела Мизрахи, која во јануари остварила средби со претседателот на Кнесетот, Амир Охана, и со други израелски претставници.

Посетата и разговорите во Израел, според Муцунски, претставуваат можност постојната позитивна динамика во билатералните односи дополнително да се надгради преку посилни економски врски, поголема туристичка размена и нови можности за инвестиции и деловна соработка.