Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот го гледаат сопствениот интерес

Венко Филипче и СДСM повторно се обидуваат да создадат паника околу новите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и СДСM повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија. Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНE.

Кога СДСM беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар за современи технологии и високотехнолошки инвестиции, во јавноста доминираше приказната за марихуаната и отворањето на тој сектор.

Денес, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ разговара со сериозни потенцијални инвеститори за дата центри и дигитална инфраструктура, Филипче повторно бара причина за критика.

Реклама

Разликата е очигледна.

ВМРО-ДПМНЕ разговара за дата центри, дигитализација, нови технологии и инвестиции. СДСM повторно разговара за стравови, сомнежи и политички конструкции.

Очигледно е дека за СДСM секоја нова инвестиција во Македонија е причина за политички аларм, затоа што тие се фокусирани само на сопствените интереси, наместо да се фокусираат на придобивките кои може да ги има државата од развојот на современа дигитална инфраструктура.

Но, Македонија мора да биде конкурентна и да ги следи современите технолошки трендови. Дата центрите се дел од дигиталната инфраструктура на современите економии и можат да донесат инвестиции, дополнителен развој на ИТ и технолошкиот сектор.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ  е Македонија да биде земја во која се инвестира, се развива технологијата, се отвораат нови работни места и повеќе можности за граѓаните.