Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица, под мотото „Твојата хуманост…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица, под мотото „Твојата хуманост е нечија надеж“, организира денеска Црвениот крст на Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Акцијата ќе се одржи во Домот на АРМ од 09 до 17 часот.

Од Црвениот крст очекуваат да бидат донирани од 150 до 180 крвни единици и упатуваат апел до сите граѓани на возраст од 18 до 65 години кои се чувствуваат здраво да земат учество во крводарителската акција, да даруваат крв со една единствена цел да се помогне на сите на кои им е потребна.

Реклама

На тој начин ќе дадат свој личен придонес за стабилно функционирање на здравствениот систем, ќе спасат човечки животи кои се доведени во кризна состојба предизвикана од болест, повреди, сообраќајни незгоди, ќе ја покажат својата солидарност, хуманост и општествена одговорност, наведуваат од Црвениот крст – Општинска организација Центар.