Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Подрачни училишта во четири делчевски села се затвораат поради мал број ученици, наставата ќе ја продолжат во централните

Во Делчево привремено ќе престане со работа наставата во четири подрачни училишта,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево привремено ќе престане со работа наставата во четири подрачни училишта, поради значителното намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуките беа разгледани и усвоени на денешната 15-та седница на Советот на Општина Делчево, по претходно спроведена постапка за оптимизација на мрежата на основните училишта.

Општинскиот советник за образование Ванчо Новоселски посочи дека станува збор за подрачните училишта во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче, при што нагласи дека одлуката не е донесена ненадејно, туку по анализа на бројот на ученици, финансиските импликации и консултации со родителите.

-Причината е драстичното намалување на учениците во подрачните училишта, но и финансиската импликација, образложи Новоселски, додавајќи дека за четирите училишта годишните трошоци за струја, плати, вода и огрев достигнуваат околу 10 милиони денари.

Реклама

Според него, дополнителен показател е и односот наставник-ученик. Додека просекот на национално ниво е еден наставник на 17 ученици, во Делчево односот е значително понеповолен, со тенденција на натамошно намалување на бројот на учениците во подрачните училишта.

Како пример Новоселски го посочи подрачното училиште во Ѕвегор, каде што од четири ученици, три веќе се запишуваат во централното училиште, а во подрачните училишта, како што рече, има и комбинирани паралелки со само неколку ученици.

На одлуката претходел план за оптимизација изготвен од општинска работна група, во кој биле вклучени претставници на локалната самоуправа и училиштата. Биле одржани и состаноци со родителите, при што сите родители од Габрово и Ѕвегор се согласиле нивните деца да го продолжат образованието во централното основно училиште „Ванчо Прке“, додека за учениците од Вирче биле договорени решенија согласно изборот на родителите, вклучително и продолжување на образованието во „Св. Климент Охридски“.

Новоселски нагласи дека станува збор за priвремен престанок со работа, а не за трајно затворање на училиштата. Министерството за образование и наука дало согласност за priвремен престанок со работа на подрачните училишта во Габрово и Ѕвегор при ООУ „Ванчо Прќе“, како и на училиштата во Стамер и Вирче при ООУ „Св. Климент Охридски“.

Според Новоселски, доколку во иднина се создадат услови и бројот на ученици се зголеми, училиштата би можеле повторно да започнат со работа. Тој посочи дека објектите не треба да останат неискористени, туку се разгледува можноста грижата за нив да ја преземат месните заедници, а по потреба и невладини организации, за активности од општ интерес.

На прашања од советниците за наставниот кадар, беше појаснето дека наставниците ангажирани на неопределено време ќе бидат задржани, додека договорите на наставниците ангажирани на определено време нема да бидат продолжени доколку нема услови за нивен понатамошен ангажман.