Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Приведени возачи од Холандија и Србија, возеле со двојно поголема брзина од дозволената

Србинка и Холанѓанец се приведени на граничниот премин Табановце откако преку системот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Србинка и Холанѓанец се приведени на граничниот премин Табановце откако преку системот „Безбеден град“ било утрдено дека на автопатот А-1 кај Демир Капија возеле со двојно поголема од дозволената.

– На 26.08.2026 во 22:15 часот на граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „мерцедес бенз“ со српски национални ознаки, управувано од 51-годишната И.М од Србија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е лишена од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Рано изутрината во 05:00 часот на Табановце, на излез од државата, е приведен и А.А.(32) од Холандија.

Реклама

– При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал возило „ауди“ со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. А.А. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.