Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Економија

Седум милиони денари поддршка за иновации и стандарди во преработувачката индустрија

Министерството за економија и труд објави два нови јавни повици со вкупна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за економија и труд објави два нови јавни повици со вкупна финансиска поддршка од седум милиони денари, наменети за унапредување на конкурентноста на домашните компании од преработувачката индустрија.

– Нашата определба е јавната поддршка да ја насочуваме кон мерки кои создаваат долгорочна вредност за компаниите и економијата. Со овие два јавни повици обезбедуваме вкупно 7 милиони денари за преработувачката индустрија, со фокус на иновациите, знаењето, новите технологии, стандардите и поголемата конкурентност. Сакаме домашните компании да бидат посилни, помодерни и подобро подготвени за настап на европските и светските пазари – информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на денешната средба со медиумите.

Првиот повик, со буџет од пет милиони денари, е наменет за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од преработувачката индустрија и универзитетите преку заеднички проекти во областа на истражувањето, развојот, иновациите, трансферот на знаење и технологии, интернационализацијата и паметната специјализација. Министерството обезбедува 70 проценти од докажаните трошоци, но најмногу до 500.000 денари по барател.

Реклама

Вториот повик, со буџет од два милиони денари, е наменет за надоместување на дел од трошоците за набавка, имплементација и сертификација на хоризонтални и други стандарди, вклучително и извештаи за „ESG“-практики и стандардот „ESRS“. И по овој повик Министерството покрива 70 проценти од докажаните трошоци, но до 200.000 денари по барател.

– Со вториот повик сакаме да им помогнеме на компаниите да ги подигнат своите стандарди и да ги исполнат современите барања на пазарите. Денес конкурентноста не значи само да произведувате и да продавате, туку и да работите според стандарди кои отвораат можности за интернационализација и соработка со странски партнери. Затоа поддржуваме и сертификација, „ESG“ и „ESRS“ практики и други стандарди кои се важни за идниот развој на компаниите – потенцираше Дурмиши.

Апликациите по двата јавни повици, тој информираше дека можат да се достават најдоцна до 15 септември 2026 година, во затворен плик до Архивата на Министерството за економија и труд, ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 15, Скопје, или по препорачана пошта.