Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Елена Кузмановска Биондиќ предложена за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната 60. седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната 60. седница ја утврди Предлог-одлуката за именување на Елена Кузмановска Биондиќ за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, по претходно објавен јавен оглас поради оставката на досегашниот член Никола Трајчевски.

Како што информираше претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, на огласот биле пријавени двајца кандидати, Елена Кузмановска Биондиќ и Благица Тодоровска. Според материјалите доставени до Собранието, Кузмановска Биондиќ ги исполнува сите законски услови за избор, додека Тодоровска не доставила доказ дека поседува еден од меѓународно признатите сертификати за активно познавање на англискиот јазик, што е еден од законските критериуми за членство во Комисијата.

Претседателот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Мицевски предложи за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата да биде именувана Кузмановска Биондиќ, образложувајќи дека ги исполнува сите пропишани услови. Предлогот беше поддржан со седум гласа „за“.

Реклама

Кузмановска Биондиќ е дипломиран економист и магистер по економски науки од областа на финансискиот менаџмент, со долгогодишно искуство во јавната администрација и дипломатијата. Во кариерата работела како ревизор и внатрешен ревизор, а извршувала и функции државен секретар во Министерството за транспорт и врски и во Министерството за надворешни работи, како и амбасадор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Комисијата, по дополнувањето на дневниот ред, ја утврди и Предлог-одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“. За претседател на Одборот беше избран Нове Цветановски, а за членови Братислав Ташковски, Драган Милосавлевиќ, Весна Ивановска, Пандорка Арсовска Гацова, Миле Ристески, Искра Коровешовска, Димитар Петрески, Ранко Младеновски, Гордана Ѓорчева, Елизабета Арсовска, д-р Фатон Мурсели и Сафер Тахири. 

Во рамки на точката „Разно“, Комисијата донесе Одлука за дополнување на одлуката за висината на надоместоците на пратениците за користење автомобил за службени потреби и за трошоци за патарина. Како што беше образложено, измените се од технички карактер и произлегуваат од можноста за користење на електронскиот систем за наплата „М-ТАГ“. Со измените се предвидува пратениците да доставуваат посебен извештај за користењето на овој начин на плаќање за секој поднесен патен налог, со цел да се зголеми транспарентноста и контролата на исплатите.

Комисијата ги разгледа и барањата за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешни министри, согласно член 19 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица. Едногласно беа усвоени решенијата за Цветан Трипуновски, поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Лимани, поранешен министер за социјална политика, демографија и млади, како и за Игор Филков, поранешен министер за правда, на кои им е одобрено користење право на плата по престанок на функцијата во траење од 12 месеци.