Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба на министерот Серафимовски со германската амбасадорка Петра Дрекслер

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер, Во фокусот на разговорот, информриаат од МЗШВ, беа модернизацијата на земјоделското производство, примената на современи технологии, приспособувањето кон климатските промени и усогласувањето со европските стандарди. Од двете страни беше истакната важноста на размената на знаење и искуства како основа за зголемување на конкурентноста на земјоделство.

-Германското искуство покажува дека продуктивноста и одговорниот однос кон природните ресурси можат да се развиваат компатибилно, односно унапредувањето на земјоделството не мора нужно да биде на штета на природата. Овие искуства се корисни и затоа нашата намера е да ги преточиме во практични решенија што ќе донесат повисок квалитет, поголема отпорност на производството на климатските промени и конкретна корист за земјоделците- истакнал министерот Серафимовски.

Тој ги претставил приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), кои се насочени кон зголемување на домашното производство, подобрување на квалитетот и пласманот на земјоделските производи, порационално користење на водните и шумските ресурси и создавање поодржлива економска перспектива за руралните средини.

Реклама

На средбата посебно внимание било посветено на можностите за експертска и институционална соработка, поврзување на релевантните институции и стопански субјекти, како и отворање простор за идни иницијативи во областа на иновациите, преработувачката индустрија, развојот на руралната економија и извозот на македонско вино.

Од страна на министерот Серафимовски и амбасадорката Дрекслер бил потврден заедничкиот интерес за продолжување на дијалогот и за препознавање на нови конкретни области во кои македонско-германската соработка може да добие дополнителна развојна содржина.