Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 39 степени.

