Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Во манастирот Свети Јоаким Осоговски сè е подготвено за чествувањето на празниците Успение на Пресвета Богородица и денот на светецот-закрилник, Оосговски

Во храмовите на Кумановско-Осговската епархија, Охридска архиепископија, манастирот посветен на Свети Јоаким…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во храмовите на Кумановско-Осговската епархија, Охридска архиепископија, манастирот посветен на Свети Јоаким Оосговски и храмот на Пресвета Богородица, сè е подготвено за торжествено чествување на претстојните празници, Успение на Пресвета Богородица, 28 август и 29-ти, денот на светиот Јоаким Осоговски, пустиножител и чудотворец од 11 век, свцетец – закрилник на Крива Паланка.

Од епрхијата упатија покана до верниот народ по повод претстојната манастирска слава, за присуство на празничните богослужби и чествувања во манастирот, кои почнуваат утре наутро и траат сè до 29 август 2026 година.

-Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ торжествено ќе биде прославена манастирската слава, празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28 август, и споменот на преподобниот Јоаким Осоговски, на 29 август.  Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, основан во 12 век, претставува едно од најзначајните духовни светилишта во овој крај. Неговата вековна историја е нераскинливо поврзана со подвигот на свети Јоаким Осоговски и почитувањето на неговите свети мошти, а во манастирскиот храм почиваат и моштите на свети Јоаким Крчовски, свештенослужител, просветител и игумен на Осоговскиот манастир. Древното осоговско светилиште и денес е место на молитва, благочестиво поклонение и духовна утеха, кое во празничните денови собира голем број верници и посетители, а ние ги покануваме верниците да присуствуваат на богослужбите и достоинствено и торжествено да ги честуваме празниците, се наведува во објавата од Кумановско-Осоговската епархија.

Реклама

Честувањата почнуваат денеска на 27 август 2026 година,  во 8 часот, со утрена богослужба и  Света архијерејска литуρгија, а вечерта во 18 часот ќе се одржи празнична вечерна богослужба. Во петок, 28 август, денот на Успението на Пресвета Богородица, ќе се одржат утрена богослужба и Света архијерејска литуρгија  со почеток во 7 часот, додека и попладнето во 18 часот е закажана празнична вечерна богослужба. На 29 август утрената богослужба ќе започне во 7 часот и 30 минути, по што следуваат света архијерејска литургија и благословување на славските лебови и водосвет во дворот на манастирот.