Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација

Со пригодно обраќање на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епископ монсињор д-р Киро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пригодно обраќање на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епископ монсињор д-р Киро Стојанов денеска во „Порта Македонија“ беа отворени „Деновите на Света Мајка Тереза“, манифестација што се одржува од 26 август до 5 септември по повод 10 години од канонизацијата на Света Мајка Тереза.

Во своето обраќање, Стојанов истакна дека Скопје и културниот контекст во кој Мајка Тереза се родила и го поминала детството имале значајна улога во нејзиното формирање и отвореноста кон луѓето без разлика на нивната национална или верска припадност.

– Не можеме и не ни е дозволено тесноградо да ја присвојуваме само за себе и не смееме да ѝ наметнуваме титули и да зборуваме за неа само како за хуманитарка — нешто што го одзема она што таа првенствено и навистина е: католичка монахиња која без нејзината духовност и повик во повик, без верата во Христос и неговиот глас „Жеден сум“, никогаш не би била тоа што сега е: светица на Црквата, а потоа доаѓа сè друго – посочи Стојанов.

Реклама

Говорејќи за влијанието на Мајка Тереза, тој истакна дека нејзиниот пристап кон сиромашните, болните, отфрлените и маргинализираните се темелел на нејзиното служење и молитвата, а не на материјалните ресурси. Се осврна и на, како што рече, новите форми на сиромаштија, кои не се поврзани само со материјалната немаштија, туку и со осаменоста, отфрленоста и недостатокот на љубов и грижа.

– За неа, потешка од материјалната сиромаштија е онаа глад за тоа дека некој не е посакуван, дека не го љубат, не е згрижен. Страдањето кое произлегува од недостаток на љубов е поболно од материјалното сиромаштија – истакна Стојанов.

Манифестацијата ја организираат Католичката црква и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, со поддршка на Владата на Република Хрватска.

„Деновите на Света Мајка Тереза“ ќе траат до 5 септември, со програмски содржини од културен, социјален и хуманитарен карактер, во чест на светицата родена во Скопје и канонизирана во 2016 година.