Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерот за правда оствари средба со универзитетски професори по право за унапредување на реформите во правосудството

Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменикот на министерот за правда, Ален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменикот на министерот за правда, Ален Деребан, денеска остварија средба со универзитетските професори, Владо Камбовски, Александра Деаноска-Трендафилова и Гордана Лажетиќ, на која се разговараше за прашања од значење за развојот на правниот систем и унапредувањето на реформите во правосудството.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата посебно внимание било посветено на Кривичниот законик, Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите.

– На средбата се разговараше за прашања од значење за развојот на правниот систем и унапредувањето на реформите во областа на правосудството, особено за Кривичниот законик, Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите. Се укажа и на потребата од зајакнување на правните стандарди, зголемување на ефикасноста на институциите и креирање политики кои придонесуваат кон изградба на современ и функционален систем – стои во соопштението.

Реклама

Министерот Шасивари ја истакнал важноста од континуирана соработка со академската заедница и правните експерти, чиј стручен и научен придонес е од особено значење за подготовката на квалитетни законски решенија и унапредувањето на реформските процеси.

Од Министерството посочуваат дека континуираниот дијалог меѓу институциите и академската заедница е од особено значење за натамошно унапредување на правниот систем и зајакнување на владеењето на правото.