Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Комисијата за европски прашања го поддржа Предлог-законот за проверка на странски директни инвестиции во прво читање

Комисијата за европски прашања на денешната седница донесе заклучок дека Предлог закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за европски прашања на денешната седница донесе заклучок дека Предлог закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции во прво читање е прифатлив од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија и треба да се даде на понатамошно читање.

Предлог-законот, кој е со европско знаменце, е поднесен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според Крум Ефремов, директор во Министерството, законското решение е дел од приоритетите на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, но и од процесот на усогласување со регулативите на Европската Унија, особено во рамки на Поглавје 30 – надворешни односи.

– Длабински, суштината е да се направи јасна дистинкција меѓу заштита на нашата безбедност и критичната инфраструктура, меѓутоа и како мала економија да не направиме пречка за оние странски директни инвестиции коишто се битни во делот на економскиот развој на нашата земја, истакна Ефремов.

Реклама

Тој појасни дека станува збор за регулатива којашто ја преточуваат во закон. Носечки орган во делот на координацијата на законот ќе биде Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, меѓутоа, нагласи, мислењата на безбедносните институции ќе имаат најголемо значење.

– Има рок од 30 дена за доставување одговор. По нашето законодавство, молчењето е одобрување, ако не добиете одговор за некој проблем или за некој сомнеж, тогаш и самата Влада ќе констатира дека нема проблем во таа инвестиција. Најбитно нешто, ова не е скрининг на сите инвестиции, ова е скрининг, односно проверка и пријавување само на инвестиции во критична инфраструктура. Ова е обврска наша и согласно НАТО членството, меѓутоа обврска наша и согласно евроинтеграциските аспирации за членство во Европската Унија, рече Ефремов.

Мали економии, подвлече, одат на поедноставни системи, не на толку организационо поставени системи. 

– Ова ќе значи постапка којашто е предвидена, ќе има можност за жалбена постапка од страна на компанијата ако е заинтересирана, меѓутоа одлуката ќе се однесува само во услови ако имаат повеќе од 10 проценти во делот на управувачкиот пакет и право на глас, односно до лимитот од 50.000 евра, истакна Ефремов.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски, појасни дека за Комисијата е битно што овој Pредлог-закон е усогласување со регулативата на ЕУ од 2019 година број 452, но исто така и усогласување со регулативата на ЕУ од 2026 година број 1386, којашто сеуште не е стапена на сила, односно најавата за нејзино стапување на сила е јануари 2028 година.

– Би требало овој закон да биде користен внимателно, односно да се однесува за проверка на инвестициите за коишто ќе се процени дека можат да бидат предмет на одреден ризик за безбедноста и критичната инфраструктура, рече Милошоски.