Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Петрушевски: Дата-центрите се капитално интензивни инвестиции, тоа значи нови услуги, знаења и диверзификација на економијата

Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција! Како инженер по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција! Како инженер по информатика, а денес и како пратеник, на дата-центрите гледам како на критична инфраструктура за иднината на Македонија.

Прашањето не е дали светот ќе користи дата-центри. Ќе користи! Прашањето е: дали Македонија ќе биде дел од таа инфраструктура или ќе им плаќа на други држави за нивните услуги?, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук-објавата на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Европскиот пазар на дата-центри е огромен и расте со развојот на облак-технологиите, ВИ и дигиталните услуги.

Реклама

Затоа Македонија треба да гради и да привлекува дата-центри. Тие се инфраструктурата на иднината.

Облак-технологиите, ВИ, дигиталните услуги и кибербезбедноста зависат од физичка инфраструктура. Ако немаме сопствена сериозна дата-инфраструктура, ќе бидеме корисници на туѓа.

Затоа е важно што државата го поставува националниот дата-центар како основа за government cloud, поголема кибер безбедност и развој на ВИ.

Македонија може да стане регионален дигитален хаб.

Имаме поволна геостратешка положба, оптичка поврзаност и пристап до европската електроенергетска мрежа преку ENTSO-E. Тоа се сериозни предуслови за привлекување на вакви инвестиции.

А дата-центарот не е само зграда со сервери. Околу него се создава цел екосистем: ИТ-инженери, облак-инженери, cyber-security експерти, систем-администратори, електроинженери, телекомуникациски компании, градежни компании, компании за електромонтажни работи, ладење, одржување, логистика, физичко обезбедување и консалтинг.

Дата-центрите може да донесат сериозен странски капитал. Тие се капитално интензивни инвестиции. А кога една земја ќе стане погодна локација за ваква инфраструктура, таа станува поатрактивна и за други компании, кои зависат од неа.

Тоа значи инвестиции, нови услуги, нови знаења и диверзификација на економијата.

А можеби најважното, Македонија мора да биде подготвена за ВИ. Дата-центрите се едни од клучните инфраструктури за следните 10 години.

ВИ бара огромна процесорска моќ, податоци и инфраструктура за нивна обработка.

Ако сакаме Македонија да има сериозна ВИ-индустрија, стартапи, истражување и напредни дигитални услуги, мора да имаме и каде физички да се извршуваат тие процеси.

И, да, дата-центрите трошат многу енергија. Токму затоа треба да ги искористиме како катализатор за нова енергетска инфраструктура.

PPAs со обновлива енергија, батериски системи за складирање и паметно управување со потрошувачката може да поттикнат нови инвестиции во обновливи извори и модернизација на електроенергетската мрежа.

Затоа мојот став е јасен:

Не треба да бидеме против дата-центрите. Треба само да бидат добро планирани и во рамките на сите утврдени стандарди.

Со јасни правила за енергија, вода, инфраструктура, кибербезбедност и економска корист за државата, дата-центрите може да ја направат Македонија посилна економски, енергетски и дигитално.

Не смееме да ја пропуштиме новата индустриска револуција. Македонија мора да биде дел од неа.

На крајот, ќе бидам директен: оние што се против дата-центри во Македонија, се против развојот на Македонија.