Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Промовирана  стихозбирката „Далечни Вистини“ од младата поетеса Ениса Мирто

Во присуство на голем број љубители на убаво напишаниот збор и други…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на голем број љубители на убаво напишаниот збор и други гости, во Ростуше одржана е промоција на првата стихозбирка на младата поетеса Ениса Мирто, од село Скудриње која живее во Тревизо, Италија.

На промоцијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски и пратеникот Мевмед Џафери, изразувајќи ја силната и континуирана поддршка што Општина Маврово и Ростуше ја дава за младите автори, уметници и зачувувањето на културниот идентитет на нашиот регион. 
 
– Нашата млада поетеса Ениса Мирто со својот труд и талент покажува дека нашиот крај изобилува со вистински уметнички бисери. Како локална власт секогаш ќе бидеме тука да ги поддржи младите креативци и нивните чекори кон успехот  Младите луѓе и нивниот творечки потенцијал се гордост на нашата општина, рече меѓу другото во обраќањето градоначалникот Јакупоски.

Упати искрени честитки до авторката за нејзиниот првенец, со желби за уште многу успешни изданија и инспирација во иднина. 
 
Примерок со потпис на поетесата доби и Сафет Алили, познат филантроп кој живее во Луксембург и редовно донира потребна опрема, помагала и медицински материјал за здравствените установи во државава.

Реклама


-Ми претставуваше голема чест и задоволство да присуствувам на промоцијата на првата поетска збирка „Далечни вистини“ од нашата Ениса Мирто. Искрени честитки за ова прекрасно дело и многу успех во понатамошното творештво. Благодарам и за подарениот примерок, рече Алили. 
 
Книгата беше објавена на почетокот на месецов од „Македоника литера“.


Лирско творештво на поетесата е одраз на нејзиниот животен пат кој е спој на традицијата и современото, на роднокрајните корени и традиции и влијанијата на историските и цивилизациските белези на средината во која живее. 
 
-Растејќи во прекрасните рекански рустикални предели, уште од најрана возраст ги впивав вредностите на семејството, трудољубивоста и почитта кон културното наследство. Преку моите стихови ги поврзувам своите балкански корени со италијанскиот културен простор, создавајќи лирски мостови меѓу минатото, сегашноста и вечноста, рече Ениса Мирто. 
 
Нејзината поезија е длабоко интимна, духовна и метафизичка, свртена кон преиспитување на човековото постоење, тишината, медитацијата и моќта на зборот, поставувајќи си го, уште од детството, основното егзистенцијално прашање: кои сме, каде сме, зошто сме тука, која ни е целта и од каде извираат човековата болка и страдање.

 
Поезијата на Ениса Мирто е исповедна и интимистичка, со длабок исповеден тон, со лирска и мисловна длабочина, наместа меланхолична и силно емотивна. Засегнува основни суштински аспекти од сопственото опкружување и во песните провејува почитта кон човековите вредности и доблести. Со еден збор, тоа е поезија со длабок и силен лирски сензибилитет.