Апелот од надлежните да се внимава и да не се потпалува природата останува. Посебно внимателни граѓаните треба да бидат денеска, бидејќи од УХМР најавуваат засилен ветер во попладневните часови.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

