Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Општина Делчево со стипендии за 19 ученици од Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“

Општина Делчево продолжува со конкретна поддршка за младите и успешните ученици преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево продолжува со конкретна поддршка за младите и успешните ученици преку доделување ученички стипендии за учениците од СОУ „Методи Митевски – Брицо“.

Со мерката се предвидува доделување на вкупно 19 стипендии, наменети за поддршка на образовниот успех, трудот и талентот на учениците, како и за создавање еднакви можности за образование и развој.

Од нив, 10 стипендии во износ од 2.000 денари месечно, во период од девет месеци, се наменети за ученици од семејства со ниски приходи.

Реклама

За успешни ученици се предвидени осум стипендии, во месечен износ од 2.500 денари, исто така за период од девет месеци.

Дополнително, една стипендија во износ од 1.500 денари месечно, за девет месеци, е наменета за ученик со попреченост во развојот.

Од Општина Делчево посочуваат дека преку оваа мерка се вложува во знаењето, потенцијалот и иднината на младите, со цел нивниот труд и посветеност да бидат препознаени и поддржани.

Поддршката на учениците, како што се наведува, е дел од заложбите за создавање подобри услови за образование и развој на младите во Делчево.