Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Буџетскиот совет на Собранието ги усвои стратешкиот план за 2027 – 2031 година и буџетот за 2027 година

Стратешкиот план на Собранието за 2027 – 2031 година се темели на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратешкиот план на Собранието за 2027 – 2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и на претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели – функционално, отворено, дигитално, безбедно Собрание, парламентарна дипломатија и новина е додавањето на интеграцијата во ЕУ и ефикасна служба – истакна генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, при образложувањето на овој документ пред членовите на Буџетскиот совет, со кој претседаваше пратеникот Антонијо Милошоски.

Најмногу расправа на денешната седница предизвика предлог-одлуката за давање финансиска согласност на годишниот план за вработување во службата на Собранието за 2027 година. Реагира пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, кој побара заголемување на бројот на вработените во секторот за превод бидејќи честопати се доцнело со преводите на документите поради немање технички капацитети и недоволно кадри.

Според генералниот секретар Димовска, било предвидено унапредување на службениците што работат во секторот за превод, како и нови вработувања.

Реклама

Битиќи не беше задоволен од образложението и притоа побара да се знае точната бројка од потребата на службеници за превод и дали се размислува за некој нов модел, кој ќе им помогне на преведувачите побргу и полесно да си ја извршуваат својата работа.

Предлог-одлуката за давање финансиска согласност на годишниот план за вработување во службата на Собранието за 2027 година беше усвоена со пет гласа „за“ и со еден воздржан.

Буџетскиот совет го усвои буџетот на Собранието на Република Северна Македонија за 2027 година, кој ќе тежи 1.220.532.000 денари и ќе биде дополнет со донации во износ од 12.873.000 денари, е целосно во функција на Собранието. Со него се опфатени и новите 15 вработувања за идната година и унапредувањата на вработените.