Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје – Блаце – најтешката и најсложена делница од 10,5 км ќе има 5 тунели и 8 моста   

Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија  „Гранит“ АД Скопје. 

Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) – главен носител на проектот, посочи дека денеска се поставува камен-темелник на најсложениот и најтежок автопат, кој на мало растојание од 10,5 километри ќе има многибројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен, што ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите. 

– Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со почнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од приближно 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што нè поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и со Србија преку Косово – рече Трајановски.  

Реклама

Финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант-средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски информира дека автопатот ќе има две коловозни ленти, секоја по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од 27,5 метри. – Ова е најсложениот и најтежок автопат, кој на мало растојание од 10,5 км ќе има многубројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите. Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕида. Рокот за изградба е 4 години – рече Трајановски. 

Тој посочи дека автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, а постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и другите граѓани.

На поставувањето на камен-темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Христијан Мицкоски и Аљбин Курти, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставници на меѓународните финансиски партнери во проектот, владини функционери, пратеници, амбасадори…