Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Вицегувернерката Митреска на конференција на БИС во Базел за ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“.

Како што соопшти денеска Народната банка, во рамките на настанот, Митреска ја водеше сесијата под наслов „Нови и експериментални податоци“, во која беа презентирани истражувања за употребата на иновативните податоци за оцена на климатските ризици, како и на алатките на вештачката интелигенција за утврдување на недостатоците во статистиките за климатските промени и одржливоста.

На Конференцијата учествуваше и претставничката на Народната банка Даница Уневска Андонова, која го презентира трудот под насловен „Прогнозирање на македонскиот БДП со економски показател изведен преку „Чет џи-пи-ти“: докази од машинското учење“, изработен со коавторите Магдалена Петровска, Неџати Куртиши и Елена Божиновска Стојчевска. Трудот беше претставен на сесијата „Иновации за подобра статистика“, а во него се покажува како можат да се користат алатките на вештачката интелигенција за добивање показател за економските услови од квалитативните одговори од анкетите за очекувањата за растот на БДП и на инфлацијата и за негово вклучување во моделите на машинското учење, заради побрзо и поточно проценување на економската активност во земјава.

Реклама

Овогодинешната конференција беше посветена на теми што се од директен интерес за пошироката јавност, како што се: користењето на вештачката интелигенција за побрзо следење на инфлацијата и економската активност; новите начини за процена на ризиците од климатските промени за финансискиот систем; подобрувањето на достапноста и квалитетот на економските податоци што им служат на граѓаните и на носителите на политиките и искористувањето податоци од платежните системи за подобро разбирање на потрошувачката на домаќинствата.

– Учеството на претставниците на Народната банка на овој значаен меѓународен настан покажува дека статистичката практика во земјава е во чекор со најновите светски трендови во примената на податоците и вештачката интелигенција во централното банкарство – велат од Народната банка.