Резултатите од истражувањето „Disrupting Harm“, кое за првпат обезбедува сеопфатни докази за природата и обемот на технолошки овозможената сексуална експлоатација и злоупотреба на деца во Македонија, денеска ќе бидат презентирани во Скопје.
Истражувањето е дел од повеќедржавната програма Disrupting Harm, финансирана од Safe Online, а спроведена од ECPAT International, INTERPOL и Канцеларијата за истражување и предвидување на УНИЦЕФ – Innocenti, во партнерство со национални институции и организации.
Извештајот ги обединува искуствата и ставовите на деца, родители, како и професионалци од правосудството, органите за спроведување на законот и службите што работат со деца и семејства. Наодите и препораките имаат за цел да придонесат кон поефикасни политики и координирани активности за заштита на децата од онлајн сексуална експлоатација и злоупотреба.

