Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза

Во Спомен куќата на Мајка Тереза – Скопје денеска ќе бидат отворени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Спомен куќата на Мајка Тереза – Скопје денеска ќе бидат отворени три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза – „Мирот започнува со насмевка“, „Наследството на Мајка Тереза“ и „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“.

Изложбата „Мирот започнува со насмевка“ е составена од фотографии и инспиративни мисли на Мајка Тереза,
која преку нејзините пораки потсетува на значењето на љубовта, човечноста и грижата за другиот, започнувајќи од еден едноставен, но моќен гест – насмевката.

Автор на изложбата „Наследството на Мајка Тереза“ е Патриција Морено Руиз – Олалде, новинарка и волонтерка во редот на Мисионерките на љубовта. Преку 29 фотографии и придружни текстови, изложбата го претставува нејзиното лично волонтерско искуство и сведоштвата од центрите раководени од сестрите Мисионерки на љубовта.

Реклама

Изложбата „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“ содржи фотографии на Мајка Тереза со значајни личности од современата историја, меѓу кои папата Јован Павле II, кралицата Елизабета II, принцот Чарлс, Далај Лама, Јасер Арафат и принцезата Дијана. Фотографиите се проследени со нивни мисли и сведоштва посветени на Мајка Тереза и нејзиното дело.