Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско

Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20  часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила пинцови исто така ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР.

Сите тие заедно со брза и ефикасна интервенција не дозволија огнот да се прошири и на куќите во двете села, а беа спасени од пожар  овоштарниците и лозовите насади во атарот на двете села лоцирани во Општина Градско, во реонот на Клепа. Огнот започна кај селото  Долно Чичево вчера утрото околу 9 часот и  брзо се проширина на теренот кон село Горно Чичево, притоа  излезе од контрола и се прошири кон околните ридови и направи  линија од околу 10 километри.

Директорот на Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов  доцна синоќа од терен во видео снимка на ДСЗ дадена за медиумите, во врска со овој голем пожар од кој постоела голема опасност по куќите од двете села Долно и Горно Чичево, како и лозовите насади и овоштарниците, оцени дека  Димче Јованов, командирот на ТППЕ Велес и вистински херој.

Реклама

Во изјавата,  командирот на велешките пожарникари Димче Јованов информира дека теренот бил многу тежок, но благодарение на помошта на неговите колеги од Кавадарци и Неготино како и на доброволците и помошта од ДЗС и МВР пожарот кој вчера утро бил пријавен  во ТППЕ Велес околу 9:00 часот е целосно ликвидиран синоќа околу 22:20 часот, кога догоруваше последното дрво од пожарот, а кога тие направија и  увид на опожарениот терен.

Воедно командирот Јованов,  најави  и за  утрово, екипа од ТППЕ Велес повторно да излезе на опожарениот терен и да направи  уште една контрола.