Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија континуирано го губи младото население, а последиците од демографскиот пад веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија континуирано го губи младото население, а последиците од демографскиот пад веќе се чувствуваат и во образованието. За само десетина години бројот на средношколци од над 20.000, е намален на околу 14 .000. Се помалиот број на првачиња ќе се одрази и врз средното и врз високото образование. На најстариот универзитет во Македонија, “Свети Кирил и Методиј” во последните години годишно се запишуваат околу пет до шест илјади студенти. Во првиот уписен рок годинава се запишале околу 4.700, а се очекува бројката да надмине 5.000, меѓу другото и поради странските студенти. Но, според Ангелова, без системски мерки тешко ќе се запре континуираното намалување на идните студенти и академски граѓани.

– “Сметам дека е алармантна појава и дека мора да се преземат системски мерки да се задржат пред се младите луѓе во земјава, да се креираат мерки со кои што ќе им се обезбеди сигурност,вработење со цел да имаме што повеќе млади луѓе и сите да останат во земјава, за да може перманентно оваа појава во континуитет во иднина да почне да се менуваат состојбите и да се зголемува бројот на млади луѓе”- вели ректорката на УКИМ Билјана Ангелова.

И  додека државата бара начини како да ги задржи младите во земјава, во Струга учениците се соочуваат со проблем кој дирекно ги засега. Од 1-ви септември ќе останат без организиран превоз до училиштата.Превозаниците втор ден бојкотираат, бараат исплата на заостанатите долгови, но и повисока цена на билетите.Долгот од 60.000 евра направен во време на Рамиз Мерко ќе се иплати до крај на годинава, уверува актуелниот струшки градоначалник.

Реклама

-“Нормално, се чека на Советот да помине и тоа покачување на цената. Но можам да ги уверам сите возачи и транспортери дека сите долгови, и оние што се од пред две-три години што останале од другата власт, ќе се исплатат. Но, нормално, треба малку да се почека, да добиеме на време, затоа што не се само тие долгови има и други долговите” –вели Менди Ќура, градоначалник на Струга

Свесни дека најмногу ќе трпат учениците, превозниците сепак не отстапуваат, бараат целосна исплата на долгот и повисока цена на билетите.