Со поддршка од компании кои работат во Дебар, во изминатиот период се реализирани повеќе проекти во различни области, со посебен фокус на подобрување на условите во образованието.
Најнов пример е ООУ „Пенестија“, најголемото основно училиште во општината, каде со поддршка од компанијата „Кнауф-Радика“ е извршена целосна реконструкција на неколку училници и други простории.
-Благодарение на посветеноста на Управниот одбор на компанијата „Кнауф-Радика“, реновирани се четири училници и просториите за училишната стражарска служба, со што се создаваат подобри, побезбедни и посоодветни услови за учениците и училишниот персонал. Ваквите придонеси се доказ за општествена одговорност и посветеност кон иднината на нашите деца- информираше директорот на училиштето, Генц Садику.

Според него во училиштето во Дебар и подрачното во село Џепиште настава следат над 900 ученици на македонски и албански јазик.
Потврдува дека по преземените сите потребни активности, во оваа образовна институција се е подготвено за почеток на новата 2026/2027 учебна година.

