Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Регулацијата на Кајанечки дол во Истибања заврши – проект вреден 19, 5 милиони денари

Заврши реализацијата на проектот „Регулација на Кајанечки дол“ во село Истибања, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши реализацијата на проектот „Регулација на Кајанечки дол“ во село Истибања, во должина од околу 870 метри.

Во рамки на проектот е извршена и изградба на два патнички и три пешачки моста, со што значително се подобрува безбедноста, функционалноста и инфраструктурата во ова населено место во Општина Виница.

-Со изградбата на отворениот канал за регулирање на Кајанечки дол се овозможува превенција и ублажување на последиците од поплави и природни и од човекот предизвикани катастрофи, заштита на населението и зачувување на природната околина, смета виничкиот градоначалник Митко Костадиновски.

Реклама

Покрај подобрувањето на безбедноста, со реализацијата на проектот овој дел од селото доби нов и поуреден урбан лик, нагласува тој.

Во следниот период, според најавата на градоначалникот Костадиновски, следува  изработка на проектна документација за асфалтирање на дел од улицата покрај Кајанечки дол во Истибања, која досега не е асфалтирана.

Вкупната инвестиција достигнува 19,5 милиони денари, средства што Општина Виница ги обезбеди од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку владиниот повик за инфраструктурни проекти.