Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Со изложба на дела од турската уметница Мелихат Тузун отворена меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2026“

– Со изложба на дела од турската уметница Мелихат Тузун, насловена „По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со изложба на дела од турската уметница Мелихат Тузун, насловена „По стапките на животот“, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ беше отворена меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2026“, на која учествуваат голем број ликовни уметници од земјава и странство. Колонијата се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа.

На настанот беше кажано дека Тузун е член на Меѓународното здружение на ликовни уметници на Република Турција, претседател на Турското здружение на уметници за оригинална графика. Во 1995 година ја добила првата награда за оригинална графика од Фондацијата „Ајше и Ерџумент Камил“. Има одржано повеќе од 20 самостојни изложби во Турција и во странство и учествувала на бројни национални и меѓународни биеналиња, работилници и групни изложби. Нејзините дела се дел од колекциите на многу национални и меѓународни музеи, јавни институции и организации.

Директорот на Домот на културата, Методи Глигоров, рече дека станува збор за преубави пејзажи.

Реклама

-Уметницата не ја разгледува природата само како поле на визуелно прикажување, туку и простор на искуство во кој се гледа преживеаното – истакна Глигоров.

Организаторот и куратор на ликовната колонија, Владимир Темков нагласи дека ова е нешто посебно за уметниците и љубителите на уметноста,  затоа што се слави уметноста.

-Славиме 30 години од Кавадаречката ликовна колонија, една од најубавите и најголемите колонии во Република Македонија, а можеби и на Балканот – подвлече Темков.

Пред присутните се обратија и професорот Фехим Хусковиќ и уметницата Тузун.

Во рамките на настанот, беа доделени благодарници на општествено одговорни субјекти, кои дале придонес за одржување на колонијата низ годините.