Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери.

Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје,  за кој се  разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“.

Реклама

Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница.

Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра.