Реклама

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Македонија

Јубилејна проекција на „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на „Синеплекс“

Со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол вечерва ќе се одбележува 10 години од светската премиера на еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија. Филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival).

По проекцијата, како што најавуваат организаторите на настанот, ќе биде организирана интерактивна сесија разговори со филмската екипа на „Џган“ и публиката, а потоа дружење во чест на јубилејот.

Во пресрет на јубилејот режисерот и сценарист Вардан Тозија вели: „Џган настана како крик на очај и гнев — од времето во кое живееме, од мрачните настани и луѓето, кои ги дефинираа нашите животи… и, пред сè, од нашиот кукавички молк да смениме нешто низ сите тие раздобја, па сè до денес. Во филмот, тој молк го прекинуваат токму најранливите — „пацовите“ фрлени на маргините, кои му возвраќаат на системот на единствениот начин што го знаат. „Џган“ е снимен со огромна посветеност и љубов, низ исклучително тежок процес, во кој, на некој начин, мазохистички уживавме. Прекрасно е чувството повторно да се види филмот на големо платно, во летното кино на Синеплекс под отворено небо, и заедно да ја одбележиме неговата десетгодишнина“.

Реклама

Приказната на филмот следи низа свирепи околности, кои тивкото и повлечено момче го претвораат во суров и бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од Домот за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот, зад ѕидовите на Домот, кој им нанел само болка и страдање. Свет, во кој за нив постои само едно заедничко име – „Џган“.

За овој повод, продуцентот на филмот Огнен Антов вели: „Кога денес го гледам „Џган“, не гледам филм од пред 10 години, туку приказна, која не застарела во ниту еден кадар. Тоа е реткост, и признавам дека тогаш, кога го снимавме, не бев целосно свесен што сме направиле. Најголемата награда за мене, не е онаа од фестивалите, туку кога млад филмаџија ќе ми каже дека токму „Џган“ му бил инспирација. Затоа и после 10 години сакам новите генерации да го видат и да доживеат дека ЏГАН сè уште удира силно. Некои филмови стареат. Овој филм мислам дека само чека публиката повторно да го открие“.

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот беше финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Р.С. Македонија и SEE Cinema network.

Главните улоги ги играат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски…

Под максимата „Никој не е роден насилен“, Вардан Тозија го напиша сценариото и ја потпиша режијата на филмот. Дизајнот на шминка и маски се изработени Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на звук е Игор Поповски, авторската музика е на Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов од Дрим Фектори.