Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ставен под контрола пожарот на Жеден

Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.  Со тоа,  потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше  насекаде низ градот, значително ќе се намали.

Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица, која беше вклучена во гаснењето, информираше дека се изгаснати 90 проценти од зафатените површини со пожарот.

– Ја спасивме шумата. Пожарот беше со голема јачина.  Апелирам граѓаните да внимаваат бидејќи температурите се високи за да не настануваат уште пожари.  Уморни сме, секој ден има по 12-13 пожари, рече Амети. 

Реклама

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати.