Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Општина Илинден: Продолжува реконструкција на ул. „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден денеска соопшти дека со засилено темпо продолжува со активностите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден денеска соопшти дека со засилено темпо продолжува со активностите за реконструкција на улица „9“ во населено место Илинден. Потенцираат дека станува збор за значаен инфраструктурен проект со кој ќе се модернизира една од главните сообраќајни врски, која секојдневно ја користат голем број граѓани.

– Проектот опфаќа целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, како и изградба на тротоари од двете страни на улицата. Со реализација на овие активности се очекува значително подобрување на безбедноста и условите за непречено одвивање на сообраќајот – велат од општина Илинден.

Оттаму информираат дека во текот на градежните работи, увид на терен извршил градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакнал дека реконструкцијата е од особена важност, имајќи предвид дека улица „9“ поврзува повеќе населени места и патни правци. На оваа улица се лоцирани неколку јавни објекти важни за граѓаните, меѓу кои општинската зграда, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“. 

Реклама

– Општина Илинден и во наредниот период продолжува со активностите за унапредување и модернизација на локалната инфраструктура, со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за живеење и подобрување на комуналните услови за сите граѓани – се вели во соопштението.