Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во првиот уписен рок пријавени 1.150 кандидати за студирање во прва година

Заврши пријавување на кандидатите за упис во прва година во академската 2026-2027…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши пријавување на кандидатите за упис во прва година во академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Според првичните податоци, во првата уписна фаза, на студиските програми на македонски јазик, пријави поднеле околу 1.150 кандидати, што претставува над 70 проценти од предвидената државна квота на универзитетот. Проректорот за настава на УГД-Штип, Сашо Коцески информира дека најголем интерес и оваа година е на Факултет за медицински науки, но има и зголемен интерес и за останатите факултети и академии. 

– Радува фактот што оваа година конкуренцијата е голема и имаме голем број на талентирани ученици и првенци на генерацијата, освојувачи на дипломи, награди и признанија. УГД на своите идни студенти ќе им овозможи одлични можности за студирање и научно усовршување како и можности за мобилност и вмрежување преку Европската Универзитетска Алијанса ACE2EU и преку Еразмус+ програмата. – Најголем интерес за медицинските науки, зголемен интерес на сите факултети. Како и изминатите години, традиционално најголем е интересот на Факултетот за медицински науки, каде што уште во првиот уписен рок целосно се пополнети предвидените места за студиските програми по Општа медицина и Дентална медицина, а остануваат уште сосема мал број слободни места за Фармација – вели проректорот Коцески. 

Тој посочува дека забележителен раст на пријави во овој уписен рок бележат и студиските програми од општествените науки – пред сè Економскиот и Правниот факултет, Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и техничките науки предводени од Факултетот за информатика и Факултетот за природни и технички науки. Позитивен тренд и стабилен интерес има и за студиите по македонски јазик и литература.

Реклама

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август,  на 27 август кандидатите можат да поднесуваат приговори, на 31 август е објавувањето на конечните ранг-листи и решенија за прием, а од 1 до 3 септември е рокот за  запишување на примените кандидати. На УГД Штип ќе има уште два уписни рокови во септември.