Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

МЕРМС: Стабилна наплата на концесиските надоместоци, во вториот квартал наплатени речиси 300 милиони денари

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) бележи стабилна реализација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) бележи стабилна реализација на наплатата на концесиските надоместоци за експлоатација на минерални суровини, што е резултат на унапредувањето на системот на наплата и засилениот институционален надзор врз исполнувањето на обврските од концесиските договори, информираат од МЕРМС.

Во вториот квартал од 2026 година, како што посочуваат, по основ на концесиски надоместоци се наплатени 299.461.897 денари, што претставува зголемување во однос на истиот период минатата година, кога биле наплатени 293.330.528 денари.

-Во споредба со вториот квартал од 2024 година, кога наплатата изнесувала 136.204.491 денари, годинашниот износ е повеќе од двојно повисок. Со ова, во првата половина од 2026 година вкупно се наплатени 573.918.284 денари по основ на концесиски надоместоци. За споредба, во истиот период во 2025 година биле наплатени 568.220.573 денари, а во 2024 година 259.483.981 денари. Растот на наплатата е во корелација со мерките за унапредување на системот на концесиски надоместоци, вклучително и зголемувањето на надоместокот, но и со континуираното следење на обврските на концесионерите – се вели во соопштението од МЕРМС.

Реклама

Министерството, се посочува, продолжува со редовни контроли и инспекциски надзори со цел доследно почитување на концесиските договори, навремено исполнување на финансиските обврски и заштита на јавниот интерес при користењето на минералните суровини.

-Контролите опфаќаат следење на исполнувањето на договорните и законските обврски, како и проверка на податоците релевантни за утврдување и наплата на концесиските надоместоци. Министерството останува посветено на одговорно, транспарентно и одржливо управување со минералните суровини, со јасна определба приходите од нивното користење да се реализираат согласно закон и во интерес на државата и граѓанитe, се прецизира во соопштението од МЕРМС.