Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент

– Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата на западнонилската треска.

Тој упати апел до граѓаните – доколку забележат симптоми, како висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви – веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент се отпуштени од болница и упатени на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати – информира Министерството за здравство.

– Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување – додаде Клековски.