Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ангелов: Најкомплексен за гаснење е пожарот што сега гори на планината Китка, во моментот пет активни пожари

Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гаснење е пожарот што сега гори на планината Китка – рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

– Помеѓу нив имавме неколку исклучително тешки шумски пожарим кои избувнаа среде борова шума. Таков беше пожарот што избувна во близина на границата со Бугарија, на територијата на општина Пехчево, во атарот на селото Црник. Тежок пожар за кој не очекував дека ќе биде изгаснат. Благодарение на извонредната координација на градоначалникот на Пехчево, со поддршка на три „ер трактори“ на ДЗС, овој пожар најпрвин беше ставен под контрола, а потоа и целосно изгаснат. Денес не дава знаци на горење – истакна Ангелов во попладневната изјава.

Тој додава дека наредниот тежок шумски пожар беше во атарот на селото Бигла, некаде на средина помеѓу Македонска Каменица и Делчево, и за кој, посочи, не очекувал дека ќе биде ставен под контрола.

Реклама

– Благодарение на силната пожртвуваност на градоначалникот и сите екипи што ги повика на терен, со поддршка и на локалното население, овој пожар беше ставен под контрола и сè уште го држиме под контрола. Тој не дава знаци на ширење, понекаде чади само во изгорениот дел. Од страна на градоначалникот се ангажирани многубројни екипи, кои одат по линијата каде што прекинува горењето, за да не дојде до негово повторно реактивирање бидејќи подлогата е полна, можеби некаде и половина метар длабок слој од иглички од боровите, измешани со шишарки – барут суви, лесно запаливи. Воедно, на многу места има висока и барут сува трева – истакна Ангелов.

Тој посочи дека дождот кој вчера заврнал на неколку места во државата помогнал да биде изгаснат пожарот што се развиваше над село Сушица, над Коњаре, кој претходно почна на територијата на општина Куманово во атарот на селото Винце. 

​- Во овој момент имаме најмалку пет активни пожари. Најтежок, најкомплексен за гаснење е пожарот што сега гори на планината Китка, пожар кој во неколку наврати го стававме под целосна контрола, пожар кој во неколку наврати и целосно беше изгаснат, пожар на кој пред три дена му го зададовме конечниот удар затоа што еден цел ден немаше ниту траг од горење. За жал, некои злобници, луѓе што од користољубие или од одмазнички мотиви упорно го палат, повторно подметнаа долга линија, која беше неможно да се изгасне бргу. Овие злобници што палат ваков пожар на вакво место треба да знаат дека со нивното поведение ризикуваат да убијат други луѓе, да ги убијат жителите на многубројните села околу и под Китка – посочи тој.

Апелира до локалното население да внимаваат на некои луѓе што се наоѓаат помеѓу нив бидејќи, како што рече, имаме индиции дека потпалувачите се токму од тој регион. ​

– Им порачувам на запалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата – додаде Ангелов.