Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Нов случај на западнонилска треска, бројката на заразени се искачи на 44

Регистриран е уште еден заболен од западнонилска треска. Пациентот бил со лесна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регистриран е уште еден заболен од западнонилска треска. Пациентот бил со лесна клиничка слика и амбулантски третиран, потврдија за „Алфа“ од Центарот за јавно здравје. Вкупниот број на потврдени случаи се искачи на 44.

Досега од вирусот починаа пет лица, сите над 60 години и со коморбидитети. Од почетокот на епидемијата до сега, 21 пациент е отпуштен од болничко лекување, а уште четворица пациенти се очекува да бидат отпуштени во текот на денот.

Изминатата недела во Скопје беше лоциран и мртов гавран позитивен на вирусот. АХВ апелира до граѓаните да пријават доколку најдат мртва птица.

Реклама

Надлежните мапираа 34 ризични подрачја, од кои 13 се високоризични, и на тие места се спроведува дезинсекција. Станува збор за канали и други места со застојана вода, кои се легла за комарци.

До граѓаните останува апелот да се заштитат од комарци, а штом почувствуваат симптоми како покачена температура, силна главоболка, вкочанет врат или дезориентираност, веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Инаку, денеска министерот Клековски беше во посета на Инфективната клиника и информираше дека медицинскиот персонал е подготвен за справување со епидемијата на западнонилска треска.