Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Прилози

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Изградбата на автопатите во Македонија влегува во забрзана фаза. Охрид–Кичево треба целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатите во Македонија влегува во забрзана фаза. Охрид–Кичево треба целосно да биде ставен во функција до првиот квартал од 2027 година. На терен интензивно се работи на делницата од Извор до Врбјани, теренот кој со години беше најголемиот предизвик.

Две галерии се целосно завршени, третата е при крај, а четвртата е на половина од предвидената динамика. Во тунелите се поставуваат сигнализација, системи за рано предупредување од пожари и вентилација, а предвиден е и современ контролен центар. Министерот за транспорт и врски очекува оваа делница од автопатот во октомври да биде ставена во функција.

Паралелно се градат автопатите Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани, кои се спојуваат со Струга и Охрид.

Реклама

„Очекувам добри вести од Европската банка за обнова и развој и веќе во текот на месец септември да објавиме почеток на изградба на уште еден автопат, а тоа е автопатот Кичево–Букојчани, 12 километри автопат, кој треба да ги спои автопатот Гостивар–Букојчани, односно заобиколувањето на Стража, со автопатот Охрид–Струга–Кичево“, вели Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Изградбата на Коридорот 8 отвора и нови предизвици – од изборот на трасата и заштитата на природата, до препораките на УНЕСКО за делницата Ќафасан–Требеништа. Препораката од УНЕСКО по средбите во Бусан е јасна – да се најде поинаква траса за Коридорот 8, која ќе ја заштити областа, но и ќе овозможи поврзување со Албанија.

Веќе интензивно комуницираме со Република Албанија и разгледуваме одредени опции. Автопат ќе се гради, вели Николоски, што е добрата вест од препораките на УНЕСКО.

„Она што треба да се направи е само да се избере соодветната рута за да не наштети ниту на културното и историското наследство, ниту на биодиверзитетот. И ова не е прв проект во кој ќе се промени рута. Еве го споменав, на пример, автопатот од Гостивар до Букојчани или за обиколувањето на Стража имаше една рута. Таму исто така имаше одредени работи кои беа поврзани со екологија и со заштита на ретки пештери“, вели Николоски.

Од Тетово до Кичево се планира изградба на три делници. Првите километри се очекуваат веќе следната година, а целосното завршување на трасата е планирано до 2029 година.

На Гостивар–Букојчани веќе се гради еден од клучните објекти – мост над постојниот магистрален пат, со кој треба да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и додека трае изградбата на автопатот. Делницата е планирана да биде завршена до крајот на 2029 година.

Останува да се обезбеди финансирањето за последниот дел, Букојчани–Кичево. Доколку роковите се реализираат според најавите, трите делници би можеле да се завршат во приближно ист период, со што Коридорот 8 би добил целосно нова патна врска од Тетово до Кичево.